МАНЕВА, Елица (Битола 1. ⅩⅠⅠ 1947) – археолог, унив. професор. Дипломирала археологија на Филозофскиот факултет во Белград (1972), а магистрирала (1977) од областа на античката археологија. Докторирала (1991) на Филозофскиот факултет во Скопје на тема од областа на средниот век. Од 1973 до 1983 г. работела како кустос во Заводот и музеј Битола, а од 1983 г. како професор по средновековна археологија и ранохристијанска археологија на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Вршела научни истражувања на антички и средновековни локалитети (Хераклеја, Битола, Струмица, Демир Капија и др. локалитети во Средното Повардарје). Уредник е на научното списание „Фолиа арцхеологица Балканица“ на Филозофскиот факултет. БИБ.: Хераклеја: Неколку типови и форми на елинистичка и римска керамика од Хераклеја, Битола, 1977; Средновековен накит од Македонија, Скопје, 1992; Крстеви, средновековна некропола, Скопје, 2000. Д. З.