МАЛ СВ.

„МАЛ СВ. КЛИМЕНТ“ – некогашен параклис на болничката енорија, изграден и живописан во 1378 г. од јерејот Стефан, во времето на архиепископот Григориј Ⅱ и великиот жупан Андрија Гропа, роднина на кралот Марко. Мала еднокорабна црква, единствената посветена на заштитникот на градот Охрид св. Климент. Живописот во поголемиот дел на олтарот и наосот е сочуван и ги носи сите програмски белези на охридските градски работилници од средината на ⅩⅣ в. Литургиски композиции во олтарот, циклусот на Големите празници во повисоката зона на наосот и поединечните претстави на светци во долната зона со ликови на св. Климент, св. Никола, св. Наум, светите бесребреници Кузман и Дамјан, св. Петка, како и св. Константин и Елена на западниот ѕид. ЛИТ.: Мирјана ´оровиђ-Љубинковиђ, Стари св. Климент у Охриду, „Старинар“, (1940), Београд, 1942, 95–97; Гојко Суботиђ, Свети Константин и Јелена у Охриду, Београд, 1971, 63–64; Цветан Грозданов, Охридското ѕидно сликарство од ⅩⅣ век, Охрид, 1980, 151–153. С. Ц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *