„МАЛИ СВ

„МАЛИ СВ. ВРАЧИ“ – мала еднокорабна црква што $ припаѓала на Челничката енорија. Изградена е и живописана пред 1345 г. и во својата сликана програма содржи неколку иконографски решенија што се единствени во охридското ѕидно сликарство од ⅩⅣ в. Богородица Живоносен Источник во конхата на апсидата, св. Климент со моде-лот на градот Охрид во рацете, кој го принесува на патроните на црквата св. Кузман и Дамјан. Дел од сликаната декорација е дело на најпознатиот охридски сликар од средината на ⅩⅣ в. Јован Теоријан. Во црквата е сочуван и оригиналниот дрвен иконостас од средината на ⅩⅣ в., како и резбаните царски двери од почетокот на ⅩⅤⅠⅠ в.
ЛИТ.: Воислав Ј. ™уриђ, Византијске
фреске у Југославији, Београд 1974, 69, заб. 80; Цветан Грозданов, Охридското ѕидно сликарство од ⅩⅣ век, Охрид, 1980 48–53; Мирјана ›оровиђ-Љубинковиђ, Срењовековни дуборез у источним областима Југославије, Београд, 1965, 19–24, 123; Петар Миљковиќ-Пепек, Свети Врачи во Охрид,
Културно наследство“, 19-20-21, (1992-9394), Скопје, 1996, 81–108. С. Ц.