МАЛЕНКО, Александар

МАЛЕНКО, Александар (Охрид,
20. И 1979) – пливач. Завршил Средно фискултурно училиште во Скопје (1997). Бил член на ПВК „Охридски бранови“ во Охрид (1989–1992), а потоа на АПК
„Студент“ во Скопје. Поставил во пливање 38 републички рекорди на куси патеки. На Европското првенство за младинци во Женева (швајцарија, 1995) освоил сребрен медал на 200 м делфин, а во Копенхаген (Данска, 1996) златен на 200 м делфин, два сребрени медали на 100 м делфин и на 200 м краул и четврто место на 400 м мешано. Настапил и на Светското првенство (1995) и на Олимписките игри (1996). Тој е избран за најдобар спортист на Македонија (1995 и 1996). Д. С.