МАЛАКОВСКИ

МАЛАКОВСКИ (МИХАЈЛОВСКИ), Злате (с. Богдево, Гостиварско, 1926 – Егејскиот дел на Македонија, 1944) – народен херој. Бил ѕидарски работник во Бел-град (до 1941). По окупацијата на Југославија се вратил во Македонија и стапил во НОПО „Кораб“. Во една борба бил заробен, спроведен и држан во затвор во Тирана (до 1943). По капитулацијата на Италија бил ослободен и станал борец во Првата македонско-косовска НО бригада (ноем. 1943). Загинал во борба на бригадата со бугарската војска во Егејскиот дел на Македонија (1944). Прогласен е за народен херој на Југославија.
ЛИТ.: Д-р Симо Младеновски, Народниот херој Злате Меле Малаковски, Бигорски научно-културни собири 1980-1981, Скопје, 1083, 167-171. Вл. Ив.

Душко
Малевски