МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ГРУПА

МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ГРУПА (Софија, 1905 – Македонија, 1911) – група за самостојно организирање на македонските и одринските социјалисти и на македонското работништво. По Младотурската револуција се активирала поддржана од Васил Главинов. Групата си поставила цел да ја пропагира и шири социјалистичката идеја меѓу работниците во Македонија и Одринско.
ЛИТ.: Работничкото и комунистичко движење во Македонија, Скопје, 1970. О. Ив.