МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО ВО С

МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО ВО С.-ПЕТЕРБУРГ – најзначајната македонска национална и научно-културна асоцијација во периодот до Ослободувањето, што се зема и како историска основа на МАНУ. Основано на 28. Х 1902
г.
во С.-Петербург од 19 потписници од сите краишта на Македонија (К. Мисирков, Д. Чуповски,

Г.
Константинович, Д. Мишајков,

С.
Дедов, М. Стоилов и др.). Во следната година членството на

раснува на 25. Прв привремен претседател е Дијамандија Мишајков, а од почетокот на 1903 до 1917 г. тоа место го зазема Димитрија Чуповски.