МАКЕДОНСКО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО (МЛД) – здружение на лекарите од Македонија. Основано во 1945 г. Прв претседател бил д-р Б. Спиров, проф. по историја на медицината на Мед. ф. во Скопје. Главен носител е на континуираната медицинска едукација во Македонија. Ја унапредува медицинската и сродните науки, го чува угледот на лекарската професија и ги штити интересите на лекарите. Членството е организирано во 22 подрачни, специјалистички и супспецијалистички здруженија (58 специјалистички здруженија се членки на соодветни меѓународни организации, а некои од нив и основачи на балкански и здруженија од Југоисточна Европа). Член е на Светската медицинска асоцијација ЊМА, ЕФМА/ЊХО, СЕЕФМА (Форум на национални лекарски асоцијации од Југоисточна Европа) и на повеќе од 40 меѓународни специјалистички асоцијации. Основоположник е на Лекарската комора на РМ (јуни 1992).
ЛИТ.: Статут на МЛД. Д. С.-Б.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *