МАКЕДОНСКИ СЛОВЕНСКИ ПЛЕМИЊА

МАКЕДОНСКИ СЛОВЕНСКИ ПЛЕМИЊА – на територијата на Македонија се населувале главно по Ⅵ в. Познати се од „Чудата на св. Димитриј Солунски“, кн. прва. Драгувитите живееле западно од Солун; Сагудатите во областите западно од Солун до Верија, а можеби и на некои делови од Халкидикот; Верзитите/Берзитите меѓу Битола, Прилеп, Кичево и Велес. Во периодот од 674–678 г. се забележани (кн. втора на „Чудата“) уште: Ринхини, кои живееле по текот на р. Рихиос до Орфанскиот Залив, а го зазеле поголемиот дел од Халкидик, и Стримонци, кои живееле по текот на р. Струма. Подоцна засведочените Смолјани живееле на територијата од Долна Струма до Западните Родопи и р. Места. Се организирале во полудржавни формации – склавинии и во военоплеменски сојузи. Постепено Византија ги ставила под своја контрола (првин само номинал-но). Во периодот Ⅶ – втора пол. на Ⅸ в. биле христијанизирани и постепено нивните имиња исчезнале, со исклучок на Драгувитите, чие име како посебен ентитет се употребувало заклучно со ⅩⅤⅠⅠⅠ в., а името на Верзитите (во формата Брсјаци) е зачувано до денес.
ЛИТ.: Т. Живковиђ, Јужни Словени под византијском влашђу (600–1025), Београд, 2002; Ф. Баришиђ, Чуда Димитрија
Солунског као историски извор, Београд, 1953. Б. Петр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *