МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТСКИ СОЈУЗ

МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТСКИ СОЈУЗ (1899–1901) – одделна струја во рамките на македонското револуционерно движење со ставови блиски до македонските социјалисти. Во Сојузот биле организирани револуционерни комитети со полна слобода во изборот на средствата и во начинот на дејствување. Нивната активност ја координирало Централно биро, со надлежност за редот во комитетската организација. Сојузот бил против политичката автономија, а за револуционерна борба за создавање независна кантонално уредена Македонска Република со центар во Солун (проектот е објавен во 1899 г.).
ЛИТ.: Христо Андонов-Полјански, Кон прашањето за револуционерната литература во македонското национално-ослободително движење при крајот на ⅩⅠⅩ век,
„Прилози“, 1, Скопје, 1970; М. Миноски,
Федеративната идеја во македонската политичка мисла, Скопје, 1985. М. Мин.
Славе
Македонски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *