МАКЕДОНСКИ ПОЛК

МАКЕДОНСКИ ПОЛК (1913) – полк на Српската армија. Бил формиран со наредба на началникот на штабот на српската Врховна команда Радомир Путник (16. Ⅴ 1913) за формирање четири баталјони со командни места во Свети Николе, Гевгелија, Неготино и во Приштина. Пополнувањето било извршено од месното население, а командниот состав бил од граничните единици. ИЗВ.: АВИИ, попис 2, К-1, Заповест Вк. бр. 6132, мај 1913 г., Операцијски дневници. В. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *