МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРУПИ ВО АВСТРАЛИЈА

МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРУПИ ВО АВСТРАЛИЈА (1939–1947). Група македонски иселеници од Егејскиот дел на Македонија во Мелбурн (1934), под влијание на МПО од САД основале МПО „Тодор Александров“ со претседателот Павел Јаневски. Нивната активност згаснала (во почетокот на 1938). Малобројната МПО била активирана во шепертон. Во 1939
г. започнало независно организирање на македонските иселеници во Австралија, со основањето на Македонското друштво „Единство“ во Перт, Западна Австралија. Во Мелбурн (1943) била основана македонска организација, а потоа македонски групи и организации во другите градови и држави во Австралија. Во Перт (Ⅷ 1946) се одржала првата конференција на која се обединиле македонските групи во Западна Австралија во Македонски народен сојуз. На Конференцијата била донесена одлука за свикување општ македонски конгрес за Австралија. Во тоа време во Австралија имало 15 македонски групи со организирана дејност во: Гералтон (Група „Нова Македонија“); Сиднеј, Порт Кембл, Њукастл, Форбс, Крепс Крик, Дамбибл, Биленгл (сите во Нов Јужен Велс); во Мелбурн, шепертон, Тагура (во Викторија); Ричмонд, Катумба, Квинбиен и Аделаид (помали групи), а се вршеле подготовки за формирање групи во Бони Риг (Нов Јужен Велс) и во Сол (Викторија). Првиот општ конгрес на македонските организации и групи бил одржан во Перт (7-9. Ⅲ 1947), на кој бил создаден единствен Македонски народен сојуз (МНС) во Австралија, потоа преименуван во Македонско-австралиски народен сојуз (МАНС) кој бил распуштен (1956) со одлука на централното раковоството. Во Вулонгонг било основано друштвото „Пелистер“ (1963). Во Сиднеј била основана самостојната организација „Илинден“ (1966). Било основано Движење за обединување на Македонија (ДОМ) во Австралија (1972) (во рамките на ДОМ во Европа), а од 1984 г. Националноослободителен фронт на Македонија (НОФМ).
ЛИТ.: И. Катарџиев, Македонската политичка емиграција по Втората светска војна, Скопје,1994. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *