МАКЕДОНСКИ, Кирил

МАКЕДОНСКИ, Кирил (Битола, 19. И 1925 – Скопје, 4. Ⅵ 1984) –

Кирил Македонски
композитор. Музичка академија (композиција) студира првин во Загреб (К. Одак), а дипломира на Музичката академија во Сараево
(И.
Бркановиќ, 1959). Магистрира на Музичката академија во Љубљана (Л. М. шкерјанц). Потоа работи како професор во Битола и во Скопје на Педагошката академија „Св. Климент Охридски“. Се усовршува (1974) на Меѓународниот курс за современа музика во Дармштат (Германија). Тојеавтор на првата македонска опера „Гоце“ (1954), како и на оперите „Цар Самоил“ (1968) и „Илинден“ (1973). На подрачјето на оркестарската музика, значајно дело е симфониската поема „Танчарка“ (1952), како и петте симфонии. Напоредно со компонирањето,

М.
се занимава и со проблемите од областа на музичката психологија, посебно со музикотерапијата, постигнувајќи видни резултати на тој план и во меѓународни размери. Б. Орт.

В. „Автономна Македонија“ (Белград, 1905)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *