МАКЕДОНСКА ТЕРМИНОЛОГИЈА.

МАКЕДОНСКА ТЕРМИНОЛОГИЈА., билтен & орган на Одборот за макед. научна и стручна терминологија при МАНУ, организиран од Бл. Конески (1968) за да работи врз проектот како најприоритетна задача на МАНУ, со цел да создаде средство за научна комуникација и предавање знаења во педагошкиот процес. Од 1969 г. се работи врз овој макропроект со околу 30 комисии од разните научни дисциплини. Крајната цел на проектот е да подготви терминолошки речници од одделните области, но потребата наложи во текот на изработката на речниците материјалот да $ се презентира на пошироката научна јавност за да може и таа да учествува во работата со свои сугестии, забелешки и дополнувања. За таа цел се издава и Билтенот во кој се презентира сукцесивно обработениот материјал. Од 1971 до 2008 г. се објавени 113 томови од 37 дисциплини. П. Хр. Ил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *