МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (МРО) (Солун, 23. Џ / 4. Ⅺ 1893 – 1908). Била основана од шестмина револуционери интелектуалци: Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Ха-џи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, со цел со оружена борба да се извојува политичка автономија на Македонија. На основачкиот состанок усвоиле Програма за дејствување: тајна револуционерна дејност, исклучиво на територијата на Македонија (во нејзините природни и етнички граници), во Организацијата да се примаат само лица родени и кои живееле во Македонија (независно од нивната народност и вера). За стапување во Организацијата било воведено полагање заклетва. Бил усвоен Уставот на Организацијата (во почетокот на 1894) и се конституирал Централниот комитет (претседател д-р Христо Татарчев, секретар Дамјан Груев). Била изградена мрежа на Организацијата во поголемите центри во Македонија (до средината на 1894). Особено силен подем бележела по стапувањето во членство и во раководењето на Гоце Делчев, потоа Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и други македонски револуционери. Уставот на Македонската револуционерна организација (1896) Во летото 1894 г. во Ресен било одржано советување на членовите на ЦК и на делегатите на месните комитети посветено на организациони и на тековни прашања за револуционерно дејствување. Биле формирани три револуционерни оркрузи: Солунски, Битолски и Скопски. Организацијата изградила (до есента на 1895) разгранета мрежа во сите делови во Македонија и прогласила сувереност на организационата територија, спречување на дејствувањето на други организирани групи со исти цели во Македонија. Македонските комитети формирани во странство можеле да дејствуваат исклучиво во рамките на МРО. По формирањето на Македонскиот комитет во Софија (подоцна преименуван во Врховен македонски комитет, 1895), ЦК на МРО веднаш побарал тој комитет да ја сообрази својата активност со потребите на МРО и да работи како помошен комитет. Софискиот комитет продолжил да дејствува како паралелна организација за реализирање на бугарската државна политика кон Македонија. Во почетокот на 1896 г. Делчев пристигнал во Софија во својство на официјален претставник на МРО да работи за спречување на мешањето на бугарските државни фактори во македонското ослободително дело. Претседателот на Софискиот комитет генералот Данаил Николаев бил предупреден дека МРО нема да ги толерира активностите и акциите преземени во Македонија. Грција и Србија го засилиле пропагандното дејствување и се експонирале како непријателски сили кон македонското ослободително дело. Во така неповолно опкружување за поефикасно водење на ослободителната борба, а со оглед на тоа дека и словенското население во Одринско се наоѓало во иста положба и влегувало во границите на Егзархијата, МРО се определила да го организира и тоа население за извојување автономија на Македонија и на таа област. Се одржал Конгрес на МРО (5–12. Ⅳ 1896) со учество на првите луѓе на Организацијата: Гоце Делчев, Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, д-р Христо Татарчев, Петар Попарсов и др., на кој била усвоена нова политичка стратегија и тактика во дејствувањето и вклучување и на Одринско. Конгресот усвоил нова управна поделба и територијална организација (со седум револуционерни окрузи: Солунски, Битолски, Скопски, Штипски, Струмички, Серски и Одрински) и промена на името во Тајна македонскоодринска револуционерна организација (ТМОРО). Месните комитети биле ополномоштени да вршат просветување на жените и создавање масовно народно движење. Усвоените промени биле вградени во актите & Уставот и Внатрешниот правилник. По Конгресот започнало забрзано создавање вооружени чети, ударната оружена сила на Организацијата за одбрана на територијалниот интегритет од туѓи вооружени чети и групи во Македонија. Бил донесен и посебен Правилник (1900) за четите со кој би-ло регулирано формирањето, раОсновачите на Македонската револуционерна организација (МРО) Правилникот за селските чети на Македонската револуционерна организација (јули 1903) Симболите за заклетвата на Македонската револуционерна организација Клетвата на Македонската револуционерна организација ководењето, употребата, како и борбената обука. Нивните припадници-комитите носеле униформирана народна комитска облека и обележје за припадност. Вооружените сили ги раководел Делчев, кој ја основал и ја изградувал воената организација, со надлежност на врховен инспектор. Организацијата имала тајна пошта и тајна полиција, создала функционални месни органи и тела. На целата територија на Македонија (до почетокот на 1903) Организацијата имала воспоставено ефективна власт на тајна држава во државата. За да го спречат успехот на македонското ослободително дело, балканските Спомен-музејот на Смилевскиот конгрес во с. Смилево, Битолско држави (Бугарија, Грција и Србија) го засилиле пропагандното дејствување со уфрлување и вооружени чети. Бугарија организирала инфилтрирање на свои експоненти-врховисти за придобивање на раководните личности на МРО за кревање на неподготвено востание во Македонија и нејзино ликвидирање како самостоен политички фактор. Тоа било постигнато на Солунскиот конгрес на Организацијата (15–17. И 1903) со донесеното решение за кревање востание, во отсуство на Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Сандански и др. водечки личности. Смртта на Делчев, неприкосновениот водач на МРО, кој загинал во борбата со османлиските воени сили (4. Ⅴ 1903), по предавство од врховистите, го забрзала почетокот на востанието. Конгресот на Битолскиот револуционерен округ (2–7. Ⅴ 1903) во с. Смилево донел одлука за кревање востание. Востанието раководено од Главниот востанички штаб почнало на Илинден (2. Ⅷ 1903) и прераснало во македонска сенародна револуција за ослободување и за создавање самостојна македонска држава, највисокиот дострел во дејствувањето на Македонската револуционерна организација. По Илинденското востание силно се манифестирале внатрешните поделби. На Општиот рилски конрес (во почетокот на 1905) само привремено било воспоставено единството на Организацијата. На Конгресот бил отфлен квалификативот „тајна“ од името и Организацијата продолжила да дејствува под името: Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Внатрешните поделби и групирања во спротивставени струи (1907): „централистичка“ (предводена од Сандански) и „врховистичка“ (Христо Матов) се заостриле до степен на меѓусебни оружени пресметки. Така дошло до дефинитивен раскол (1908). По Младотурската револуција и по воспоставувањето на парламентарното уредување (1908) Организацијата престанала да постои. Двете струи формирале политички партии: Сандански со Димитар Влахов Народна федеративна партија, а Христо Матов Бугарски конституциони клубови Македонски револуционери осудени на прогонство во Мала Азија (Дијарбекир), снимени на железничката станица во Македонија. Четата на Јане Сандански ЛИТ.: Михајло Миноски, Прилог кон прашањето за името на Македонската револуционерна организација во почетниот период од нејзиното дејствување (18931896), Прилози на МАНУ, 2, Скопје, 1995; Зб., Сто години од основањето на ВМРО и 90 години од Илинденското востание, Скопје, МАНУ, 1994; Иван Катарџиев, Сто години од формирањето на ВМРО, сто години револуционерна традиција, Скопје, 1993; Зб. Сто години ВМРО, златна книга, Скопје, 1993; Ванчо Георгиев, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 18931903 година, Скопје, 2003. М. Мин.