МАКЕДОНСКА МЛАДИНСКА ТАЈНА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА МЛАДИНСКА ТАЈНА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (Вардарски дел на Македонија, 1926–1927) – тајна студентска организација формирана од ВМРО. Цел за дејствувањето била да ја помага ВМРО во борбата за ослободување на Македонија од грчкото и српското владеење и за обединување. ММТРО формира четири окружни петорки во Скопје, Битола, Охрид и Штип, вкупно 40 петорки речиси во сите градови, со околу 190 членови. Организацијата дејствувала до јуни 1927, кога била извршена провала, во која биле уапсени околу 40-50 членови на ММТРО, од кои на Скопскиот студентски процес биле осудени 20 студенти.
ЛИТ.: Зоран Тодоровски, ВМРО 1924– 1934, Скопје, 1997; ДимитÍр Г. Гоцев, Младежките национално-освободителни организации на македонските бÍлгари 1919–1941, Софи®, 1988; Иван Катарџиев,
Македонија спроти Втората светска војна, Скопје, 1999. З. Тод.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *