МАКЕДОНИЈА во средниот век

Македонија во средниот век.

Македонија како дел од картата на Европа 1766

Во средината на I в. започнало да се шири христијанството. Апостолот Павле основал христијански општини во Филипи, Тесалоника и Верија. Во Ⅵ и поч. на Ⅶ в. се населиле словенските племиња (Верзити, Другувити, Сагудати, Ринхини, Вајунити, Стримонци и др.), кои се измешале со староседелците и од нив ги прифатиле цивилизациските постигања во селското стопанство, занаетчиството, градежништвото и др. Промени настанале во топонимијата: најголем дел од населбите, реките, планините добиле словен-ски имиња (Бистра, Прилеп, Извор и др.), еден дел од имињата Словените ги прилагодиле на својот јазик (Верија – Бер, СтримонСтрума, СкупиСкопје и др.), а дел од имињата ги прифатиле од Македонија како дел од картата на Европа (1766) староседелците (Опила, Опае, Опеница, Таор, Бадер, Теово, Пелистер, Пелагонија, Вапила, Сирула, Галик, Галичица и др.). Областите населени од словенските племиња за Византијците претставувале независни кнежества нарекувани Склавинии, на чело со племенски водачи. Византија потчинила дел од Склавиниите (Ⅶ и Ⅷ в.).

Склавиниите во внатрешноста биле потчинети од Бугарите (по сред. на Ⅸ в.). Во времето на бугарското владеење во Македонија се појавило богомилството – религиозно и социјално движење против црквата и државата. Солунските браќа св. Кирил и Методиј ја создале словенската азбука (сред. на Ⅸ в.) и почнала да се развива раната словенска писменост и култура во Македонија. Со Климент и Наум, преку Охридската книжевна школа, се развиБеласичката битка (минијатура според Скилица, Ⅺ в.) ла македонската средновековна просвета и книжевност. Во Ⅱ пол. на Ⅹ в. во Македонија било основано Самуиловото Царство (969–1018) – најголемата ранофеудална држава на Балканот. Царот Самуил (969–1014) ја обединил цела Македонија (освен Солун) и потчинил голем дел од соседните балкански земји. По поразот во Беласичката битка и по смртта на царот Самуил (1014) македонската држава заслабнала. Наследниците Гаврил Радомир (1014-1015) и Јован Владислав (1015–1018) не успеале да ги зап-рат византиските напади, па по смртта на Јован Владислав (1018) Македонија била завладеана од Византија. За ослободување од византиската власт во Ⅺ в. биле кренати востанијата на Петар Делјан (1040–1041) и Ѓорѓи Војтех (1072–1073), кои, по почетните успеси, биле задушени. Во 80-тите години на ⅩⅠⅠ в. благородникот Добромир Хрс ја отфрлил византиската власт и формирал независна државичка со центар во Просек, која се одржала до почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. (1202). Во првата половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. за превласт во Македонија војувале соседните балкански држави: Скопје, Охрид и Бер паднале под бугарска власт (1203), со центар во Солун било формирано Солунското Латинско Кралство (1204–1224). Во Просек се осамостоил благородникот Стрез (1207–1214), а во Струмската област (со центарот Мелник) се осамостоил благородникот Слав (1207 – ок. 1230). Во Македонија владееле: епирскиот цар Теодор И Ангел (1224–1246), Бугарите (од 1230), Никејците (1246–1259) и одново Византија (1261). Пред крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. српската држава го завладеала северниот дел: Скопје, Горен и Долен Полог, Овче Поле, Злетово и Пијанец (1282), како и Дебар, Кичево и Поречката област (1284). Кралот Стефан Душан за десетина години (1334– 1345) ја освоил цела Македонија, освен Солун. По неговата смрт (1355), кога српската држава започнала да се распаѓа, во Македонија биле формирани неколку независни владенија. На териториите од Костур до Призрен и од р. Вардар до албанските планини се осамостоил Вол-кашин, кој бил крунисан за крал и совладетел на царот Урош (1365). Деспотот Углеша се осамостоил во Серската област (1365), под негова власт се наоѓале териториите до Струмица и Мелник, со Света Гора. До крајот на 60-тите години на ⅩⅣ в. тие воспоставиле хегемонија во Македонија. По нивното загинување во Маричката битка против Османлиите (1371), во Македонија се издигнале синот на Волкашина кралот Марко и браќата Константин и Јован Драгаш. Државата на кралот Марко, позната и како Прилепско Кралство, кон крајот на 70-тите години на ⅩⅣ в. се протегала на исток до областа Раец, на север до Скопје, на запад ги зафаќала Преспа, Демир Хисар, Порече, Кичевската област и Дебар, а на југ до меѓите на Пелагонија. Прилепското Кралство ја задржало својата самостојност до освојувањето на Прилеп и Битола од Османлиите (1385), кога Марко ја признал врховната власт на султанот. Браќата Јован и Константин Драгаш се осамостоиле на териториите помеѓу реките Струма и Вардар, со престолнина во ќустендил. По смртта на Јован (ок. 1380), Константин ја признал врховната власт на султанот. Во почетокот на 80-тите години на ⅩⅣ в. започнало османлиското освојување на Македонија; источниот дел со градот Сер (1383), централниот со Штип, Велес, Прилеп и Битола (1385) и Скопје (1392). По загинувањето на кралот Марко и Константин Драгаш во битката кај Ровине (1395) Македонија паднала под директна османлиска власт, освен Солун, којшто бил освоен подоцна (1430). К. Аџ.