МАКЕДОНИЈА во османлискиот период од 60-тите години на ⅩⅠⅩ век до Балканските војни.

Македонија во османлискиот период од 60-тите години на ⅩⅠⅩ век до Балканските војни.

 

Со преродбенското движење, просветнокултурните и црковните борби по средината на ⅩⅠⅩ в. било апсолвирано прашањето на сопствената национална идентификација на македонскиот народ. Во 60-тите и 70-тите години започнал процесот на револуционерното организирање со појавување и дејствување на заговорнички револуционерни кружоци, понекаде нарекувани комитети. Солунскиот Таен македонски револуционерен комитет, основан од Димитар Поп-георгиев-Беровски (1874), го организирал и го извел Разловечкото востание, кое започнало во Малешевско (8–20. Ⅴ 1876). Востаниците, предводени од Беровски, го ослободиле с. Разловци, каде што била воспоставена месна македонска власт. Оттаму востаниците продолжиле кон другите населени места во Малешевско и Пијанечко. Ограничени акции имало и во Кочанско, Штипско и Радовишко. Пред да добие пошироки размери, востанието било задушено. Разловечкото востание било автохтоно, автономно организирано и водено без надворешни влијанија и без мешање на надворешни фактори, со јасно поставена цел: ослободување и создавање самостојна македонска држава. Тоа е посведочено со востаничкото знаме како симбол на македонската државност, како и во народните песни.

Картографски проект за Балканот на Цариградската конференција (1876/77)

На Цариградската конференција (23. ⅩⅠⅠ 1876 – 20. И 1877) македонското прашање не добило посебен третман, иако имало предлог Европска Турција да се подели на две самостојни единици: Македонија (со престолнина во Софија) и Бугарија (со престолнина во Трново). Во прелиминарниот Санстефански мировен договор помеѓу Русија и Османлиската Империја (19. Ⅱ /3. Ⅲ 1878) руската дипломатија наметнала создавање голема бугарска автономна држава со присоединување на најголемиот дел од Македонија. На Берлинскиот конгрес (1/13. Ⅵ – 1/13. Ⅶ 1878) тој договор бил анулиран и било решено Македонија да остане во составот на османлиската држава, која била обврзана (со чл. 23 од Берлинскиот договор) на управна децентрализација и давање автономен статус за Македонија (под името Румелија) врз основа на органски статут како оној за островот Крит (1868). Кресненската Клисура Кресненското востание (1878–1879), под водство пак на Димитар Поп-георгиев-Беровски, било организирано и водено според националноослободителна и државотворна програма. Во востанието зеле учество востаници и доброволци од 32 околии, 163 населени места во Македонија. Била создавана македонска востаничка војска со штаб раководен од штабен на-

Дамјан Груев Борис Сарафов Анастас Лозанчев  чалник. На ослободената територија била воспоставена самобитна македонска револуционерна воено-востаничка власт, изградена врз основа на обичајното право. Востаничкото раководство се определило за независни надворешни односи, во прв ред со соседните држави

Здружените чети на Пандо Кљашев и Васил Чакаларов (1903)

По задушувањето на Кресненското востание македонското ослободително движење се изразило со востаничкото раздвижување во Североисточна Македонија (во Кумановско-Кратовско-Кривопаланечко), со дејствување на чети (1879–1881) во централниот, југоисточниот (Серес, Драма) и југозападнот дел (Островско, Костурско и Леринско) и со акциите на Македонската лига за ослободување на Македонија (1879–1880), Националното собрание и Привремената влада на Македонија (1880–1881). Привремената влада објавила Манифест со повик за продолжување на ослободителната борба за создавање самостојна држава или автономна државност во рамките на османлиската држава, а создала и Устав на македонската држава (1880). Двете политички претставништва настапиле со легитимни барања за примена на чл. 23 од Берлинскиот договор за Македонија. Македонската револуционерна организација (МРО), основана во Солун (23. Џ / 4. Ⅺ 1893), подоцна под оперативно раководство на Гоце Делчев – идеологот и стратег на македонската ослободителна борба, го подготвила новото оружено ослободително и државотворно македонско востание во почетокот на ⅩⅩ в. Загинувањето на Делчев (4. Ⅴ 1903) го забрзало кревањето на востанието, кое започнало на Илинден, 2. Ⅷ 1903 г. Востанието го раководел Главниот штаб (Дамјан Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев) преку реонските горски штабови. Најсилно било во Битолскиот револуционерен округ. Со офанзивни дејства биле ослободени и поголеми населени места (Крушево, Клисура и Невеска). На ослободената територија била создадена македонска револуционерна власт. Во другите револуционерни окрузи дејствувале вооружени чети со напади на стратегиски објекти и на помали единици на османлиската војска. Во услови на непријателско окружување од соседните балкански држави и со силна поддршка на Владата на османлиската држава од европските Големи сили за брзо задушување на востанието, по неколкумесечни исцрпувачки жестоки борби со огромната модерно вооружена османлиска редовна војска и башибозук, Главниот востанички штаб наредил запирање на востаничките дејства со цел да се поштеди народот и да се зачуваат силите и кадрите за про-должување на борбата за ослободување и создавање македонска држава во поповолни внатрешни услови и меѓународна констелација. Европските големи сили биле присилени да интервенираат.

 

Се зафатиле за спроведување реформи (1903–1908), врз основа на т.н. Мирцштегска програма, не за разрешување на македонското прашање, туку за осовременување на османлискиот режим за смирување на Македонија. Балканските држави Бугарија, Грција и Србија започнале отворена агресија врз Македонија со уфрлување вооружени чети за да подготвуваат терен за нејзина окупација и поделба. Србија и Бугарија потпишале Договор за сојуз (Белград, 30. Ⅲ / 11. Ⅳ 1904), со кој ја усогласиле својата политика спрема Македонија. Во април 1905 Грција и предложила на Бугарија спогодување за поделба на Македонија. По Ревалската средба на суверените на Русија и Англија и навестената автономија на Македонија и поради тоа појавата на Младотурската револуција (1908) било одложено спогодувањето на трите балкански држави. На 29. Ⅱ / 13. Ⅲ 1912 г. Бугарија и Србија склучиле договор за сојуз, со таен додаток за поделба на Македонија. Потоа и Бугарија и Грција склучиле договор (16. / 29. Ⅴ 1912), со што бил создаден троен, а со пристапувањето и на Црна Гора, четворен балкански сојуз за војна против Отоманското Царство за освојување на неговите владенија на Балканот и за поделба на Македонија.