МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИКА“ (1941). Играл во Елитната дивизија на Бугарија. Успесите на Клубот, манифестациите на навивачите против бугарската окупација и илегалната работа на членовите на Клубот довеле до неговото исклучување од Елитната дивизија и префрлување во лигата на Скопската фудбалска област (1943). Некои од играчите, меѓу кои Драган Геров, Кирил Симоновски-Џина, Саво Цветковиќ и други, отишле во партизани, што силно одекнало во Македонија и во Бугарија (април 1944). ЛИТ.: Душан Станимировиќ, Прилог кон прашањето за улогата и придонесот на СК „Македонија“ од Скопје во народниот отпор и борба против бугарската окупација. „Прилози за историјата на физичката култура во Македонија“, Скопје, 1975, 15–24. Д. С.