„МАКЕДОНИŒ (Софија, 25. И 1922 – 30. ⅩⅠⅠ 1922) – месечно политичко, научно и литературно списание. Издавач и уредник бил Георги Баждаров, а редакцијата ја сочинувале и Јордан Бадев, Наум Томалевски и Кирил Прличев. Би-ло печатено во софиската печатница „Витоша“ и во печатницата на Б. Глушков. Објавени се вкупно 10 броја. Има богати содржини за македонското ослободително движење, географијата, етнографијата, историјата и др. Во уредувачката политика имало значително влијание на Задграничното претставништво на ВМРО. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 274-275; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 68-69. С. Мл. „