МАЗОВА, Лилјана

МАЗОВА, Лилјана (Скопје, 30. Ⅶ 1946) – театарски критичар, новинар и публицист. Завршила Филолошки факултет во Скопје на групата Југословенска книжевност (1969). Од 1970 г. е новинар во Културната рубрика на в. „Нова Македонија“. Нејзини текстови се објавувани во монографии, каталози и зборници. Автор е на книгата
„Ковчег со време“ и „Тој и Тие & театарски сложувалки“ и коавтор на „Тодор Николовски“. Нејзината библиографија содржи повеќе единици-рецензии за претстави, коментари и интервјуа. Р. Ст.