МАДЕВСКИ, Живко Крстов

МАДЕВСКИ, Живко Крстов (Куманово, 12. Ⅹ 1929) – математичар, ред. проф. (1980) на ПМФ во Скопје. Дипломирал (1954) на Филозофскиот факултет и докторирал (1973) на ПМФ со тема „Некои методи за добивање релации меѓу елементите од еден триаголник“. Објавил научни трудови од областа на геометријата, алгебрата и небесната механика. Тој е ав-тор или коавтор на дваесетина учебници за основно и средно образование. Бил претседател на ДМФ, член и претседател на Републичкиот педагошки совет, директор (1975-1977) на Математичкиот институт со нумерички центар, декан (1979-1982) на Математичкиот факултет .
ЛИТ.: ПМФ 1946-2006, монографија; БУ бр. 331/1979. Н. Ц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *