МАВРОВСКИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ – заедничко име за трите ХЦ од мавровскиот хидросистем: ХЦ „Врбен“, ХЦ „Вруток“ и ХЦ „Равен“. Изградбата на хидросистемот започнала во 1948 г. и се одвивала во две етапи. Првата етапа траела до 1960 г. и во неа се пуштени во погон по два агрегата во: ХЦ „Вруток“, ХЦ „Равен“ и ХЦ „Врбен“. Во втората етапа се пуштени во погон третиот и чет-Кулите во Скопје изградени од „Маврово“ АД вртиот агрегат во ХЦ „Вруток“ и третиот агрегат во ХЦ „Равен“, исто така е изведен доводот на шарските води во акумулацијата и е изградена постројката од 220 кВ кај ХЦ „Вруток“. Големата инсталирана моќност на овие ХЦ и можноста за флексибилен погон се од особена важност за рационална работа на целиот ЕЕС. Во периодот 1992–2003 г. просечното годишно производство на трите ХЦ изнесувало 374,8 ГЊх, а најголемото било во 1996 и во 2002 г. и изнесувало 520,8 ГЊх. „Врбен“ – проточна ХЦ во близина на мавровското село Врбен. Во погон е од 1959 г. Има два агрегата со францис турбини. Инсталираната моќност е 12,8 МЊ. „Вруток“ – деривационо-акумулациона ХЦ, кај селото Вруток, југозападно од Гостивар. Првите два агрегата се пуштени во погон во 1957, а третиот и четвртиот во 1973 г. Секој од агрегатите е со инсталирана моќност од 37,5 МЊ. Турбините се од типот пелтон. „Равен“ – проточна ХЦ кај селото Равен (околу 2 км низводно од ХЦ Вруток). Првите два агрегата се во погон од 1959 г., а третиот од 1973 г. Инсталираната моќност на секој од агрегатите е 6,4 МЊ. Турбините се од типот францис. ЛИТ: 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995; ЈП „Електростопанство на Македонија“, Скопје, 1999; Електростопанство на Македонија, годишен извештај, 2003; хттп://њњњ.елем.цом.мк.Др. Р.