/МАВРОВСКИ МЕМОРИЈАЛ

МАВРОВСКИ МЕМОРИЈАЛ

МАВРОВСКИ МЕМОРИЈАЛ – натпревари во скијачко трчање во разни дисциплини, кои традиционално се одржуваат во знак на сеќавање на загинатите работници од лавини при изградбата на Мавровската хидроцентрала (од 1960). Досега е одржан 43 пати (до 2005). Отпрвин најголеми успеси имале Арсо Авакумовски и Димитар Смилевски од Скијачкиот клуб „Момир Андоновски“ од Маврово, а подоцна и други скијачи, особено од СК „Мечкин Камен“ во Крушево и СК „Пелистер“ во Битола. Д. С.

2019-01-05T21:11:00+01:00 0 коментари