ЛУКАРЕВСКИ, Ѓокица

ЛУКАРЕВСКИ, Ѓокица (Скопје, 29. Ⅳ 1951) – актер. Дипломирал на Отсекот за актерска игра (1976) на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Член на Драмскиот театар од 1977 г. Актер со моќно емотивно зрачење во секој тон и гест, со сценска сила, со јасно акцентирани градации. Бележи значителни настапи на естрадата, како и во Театарот за деца и младинци. Улоги: Иследникот („Карамазови”); Зганарел („Дон Жуан”); Крал Иби, Јадигар во истоимените дела; Драгиша („Косанчиќев венец”); Среќко („Собирен центар”); Киро Стап („Чија си”) и др. Р. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *