ЛУЖИНА, Јелена

ЛУЖИНА, Јелена (Дубровник, Република Хрватска, 26. Ⅴ 1950) – професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје по предметот македонска драма и театар. Докторирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Иницирала отворање постдипломски студии по театрологија на ФДУ. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар. Конституирала Институт за театрологија (1999). Организатор и раководител на театролошки симпозиум на Фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Автор е на студиите „Македонска битова драма”; „Нова македонска драма” и „Театралика”, како и на повеќе теориски и есеистички студии од областа на театрологијата. БИБ.: Македонска битова драма, Ск., 1996; Нова македонска драма, Ск., 1996; Театралика, Ск., 2000; Театралика, избрани есеи, Ск., 2003; Прличко, монографија, Ск., 2004; Нова европска драма, антологија, Ск., 2004. Р. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *