ЛОЗОВО

ЛОЗОВО – село во Светиниколско. Се наоѓа во јужниот дел на Овче Поле, на надморска висина од околу 300 м. Низ селото поминуваат магистралниот пат М–5 и железничката линија ВелесШтипКочани. Тоа е населено со Македонци, а нивниот број изнесува 896 ж. и 26 Власи. Населението се занимава со одгледување тутун и лозарство. Селото е седиште на општина што зафаќа површина од 16.632 ха, а има 11 населени места со 2.858 ж. Во селото има осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *