ЛОЗАНЧЕВ, Анастас

ЛОЗАНЧЕВ, Анастас (Битола, 8. Ⅳ 1870 – Софија, 8. XI 1945) – учител, револуционер, член на Битолскиот окружен комитет и на Главниот штаб на Илинденското востание. Се школувал во Битола и во Солун, каде што завршил егзархиска гимназија. Учителствувал во Смилево и во Могила, Битолско (1891–1893). Учествувал на Солунскиот конгрес (јануари 1903), бил еден од главните иницијатори за донесување на одлуката за востание во 1903 г. За тоа се застапувал и на Смилевскиот конгрес. На Конгресот бил избран за член на Главниот штаб на Ⅱ (Битолскиот) револуционерен округ. Во Востанието, поради боледување, не се пројавил. По Востанието останал во илегалност (до септември 1904), кога заминал во Бугарија и се пасивизирал. По Младотурската револуција (1908) се вратил во Македонија. Емигрирал во Бугарија (1913) и во Софија до крајот на животот се занимавал со индустриска дејност. Оставил спомени. БИБ.: Илинденското востание, Скопје, 2003. ЛИТ.: „Ил. Илинденъ“, бр. 3-4, 1936; бр. 3, 1937. В. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *