ЛОЗАНОСКИ, Ристо

ЛОЗАНОСКИ, Ристо (с. Големо Илино, Кичевско, 5. Ⅲ 1923 – Бел-град, 13. Ⅴ 1965) – сликар, педагог, претставник на фигуративното и апстрактното (лирско и енформелно) сликарство. Дипломирал на АЛУ во Белград (1951). Учесник во НОБ. Член на групите Денес и Мугри. Ретроспективна изложба е претставена во Скопје (МСУ, 1986). Се инспирирал од прилепскиот пејзаж (Маркови кули, 1961/2; Зима, 1963), а во серија експресионистички цртежи од личната драма. М. Б.-П. Анастас Лозанчев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *