ЛОВНА ДРУЖИНА

ЛОВНА ДРУЖИНА (1941–1944) – специјална воена единица на бугарската војска (наречени и ловни баталјони), користена во специјални услови за борба против партизанските единици и за про-наоѓање и ликвидирање на борците во Македонија. Тоа биле добро извежбани единици за дејствување во најтешки услови (снег, планински терени, студ) и оспособени за ракување со секаков вид оружје. Учествувале во воените дејства против македонските воени единици во Февруарскиот поход, Пролетната офанзива и во други борбени судрувања во пролетта и летото на 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941–1944, Скопје, 1995; истиот, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје, 2002. Ѓ. Малк. Ловни кучиња

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *