ЛИЧЕНОСКИ, Лазар

ЛИЧЕНОСКИ, Лазар (Галичник, 28. Ⅲ 1901 – Скопје, 10. Ⅳ 1964) – Л. Личеноски: „Натфрлување со камен” положниците на македонското модерно сликарство. Имал голема улога и влијание врз развојот на ликовната уметност кај нас. Студирал на Уметничкото училиште во Белград (1921-1927). Од 1927 до 1929 г. учел сликарство кај Андре Лот и фреско-сликарство кај Марсел Леноар во Париз. Бил член на белградската група Облик. Од 1945 г. учествувал на сите изложби на ДЛУМ и на СЛУЈ. Еден од основачите на Уметничкото училиште во Скопје (1945), на кое предавал и бил директор од 1956 до крајот на животот. Член на САНУ (1963). Меѓу првите пишувал ликовна критика и есеи. Самостојно излагал во Скопје, Белград, Загреб, Нови Сад. Голема ретроспективна изложба на неговото творештво би-ла организирана во Скопје (МСУ, 1998). Неговото сликарство стилски се движи од академскиот реализам до колористичкиот експресионизам. На изложбата во Скопје (1927) изложил дела во духот на академската традиција. Сликите од парискиот период реферираат на умерениот кубизам на Лот и на монументалната фигурација на Пикасо. Неговите најзначајни дела датираат од периодот на триесеттите, кога започнал да слика мотиви од македонското поднебје (Бачило, 1933; Долап, 1937), во кои доминираат широкиот експресивен потег и богатите колористички решенија, материјализирани во густа и сочна фактура. Сликал портрети, пејзажи, мртви природи (Портрет на Тревелијан, 1931; Риби, 1939; Афиони, 1948; Радожда, 1952). Се занимавал и со фрескосликарство, мозаик (Албанска голгота, Крф, 1940) и таписерија. ЛИТ.: Зое Личеноска, Лазар Личеноски (1901-1964), Скопје, 1986; Валентино Димитровски, Творештвото на Лазар Личеноски, „Културно наследство”, Скопје, 1990-1991; Викторија Васева Димеска, Лазар Личеноски, Скопје, 1998. Л. Н.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *