ЛИХНИД

ЛИХНИД (ЛуцнидÁВ, Лѕцхнидус) – градот Охрид, на брегот на Охридското Езеро, спомнуван од Диодор (Диод. ⅩⅤⅠ, 8), кога Филип Ⅱ ја освоил оваа област. Градот се спомнува од Ливиј (Лив. ЏЏВИИ, 32, 9), кога локалниот водач Ероп го одзел од власта на Филип В. Една од најпознатите населби во Дасаретија (Горна Македонија), која се спомнува во книжевните и во епиграфските извори од римско време. Од римскиот период се откриени 4 натписи со името на градот и девет со името на Дасаретите. Во средината на Ⅱ в. пр.н.е. влегува во рамките на провинцијата Македонија. Најстарата населба датира од доцнобронзеното и од раножелезното време и $ претходи на раноантичката од Ⅵ–В в. пр.н.е., сместена на највисокото брдо кај Горни Сарај. Населбата се шири кон јужната страна на западниот рид на платото Плаошник. Тука е откриена некропола од железното време, раноантички станбени градби, римски палати и цистерна. Во ранохристијанскиот период на Плаошник се дефинира урбаното јадро, плоштадот на градот, со базиликите одⅤи Ⅵ в., поликонхалната црква одⅤв., и Епископскиот двор – сите декорирани со богата архитектонска пластика и полихромни мозаици со сложена иконографија, со бројни пишани и илустрирани пораки од Библијата. На источната падина од ридот во доцнохеленистичко време е изграден театарот, којшто од времето на Хадријан е преуреден за амфитеатрални игри, со градење висок заштитен ѕид пред гледалишето и со преуредување на оркестрата во вид на арена со елипсовидна основа. За големината на градот, економската состојба, занаетите и за развиената трговија се знае од откриените градби, натписи, но и од некрополата на потегот Горна порта – Дебој, источниот рид на градот. Лихнидските господари во крајот на Ⅵ иⅤв. се погребувани со злато и со оружје, што е идентично со обичаите во целата античка Македонија (златни маски и погребни нараквици, накит – белегзии, прстени и обетки, кнемиди, шлемови, копја, бронзени садови и др.). Епиграфските споменици, релјефите со митолошки теми и скулптурата зборуваат за организиран градски живот во римската да влезе и во неговата нива. Со Панорама на Плаошник, Охрид (авионска снимка) епоха, со сите карактеристични институции (општина, гимназион, театар-амфитеатар). Со ранохристијанскиот период настанува ново време за градот, кој е утврден со снажни ѕидини пресечени со четири порти (Горна порта, Долна порта, Железна врата, Источна врата), градени во опус миџ-тум, како ѕидините на другите големи градови на Балканот. Станува епископско седиште од Ⅳ в. Се градат повеќе ранохристијански објекти: црквите на Плаошник, базиликата во Дебој, базиликата (на ул. Илинденска), кружната црква под Горни Сарај. Градот се брани од вараварските напади би-дејќи, „поставен на утврдено мес-то, изобилувал со храна и извори меѓу ѕидините” – според Малхус (Малцх. фр. 18, 128), а настрадал од голем земјотрес во времето на Јустинијан (Проц. Анец. 18, 42). ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957; В. Битракова-Грозданова – П. Кузман, Лѕцхнидос данс ла хауте антиљуе: (Ноувеллес преувес арцхеологиљуес), ЖА, ЏЛВИИ, Магистрае Хуманиссимае Фанулае Папазоглу, Скопје, 1997, 19-28; Еад., Старохристијански споменици во Охридско, Охрид, 1975. В. Б.-Гр. „ЛИХНИД” – периодичен зборник на трудови, издание на Народниот музеј во Охрид, а подоцна и на Заводот за заштита на спомениците на културата на Ох-рид. Досега се издадени седум броја (првиот во 1957). Списанието ги обелоденува активностите од дејноста на овие институции (археолошки, етнолошки, историски и лингвистички истражувања). Последниот број 7 ги содржи трудовите од научниот собир „Доцната антика на почвата на Југославија”, одржан во 1987 г. во Охрид. В. Б.-Гр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *