ЛИСКУНИ

ЛИСКУНИ – силикатни минерали што релативно често се појавуваат во природата. Кристализираат моноклинично, а кристалните облици се обично псевдохексагонални. Имаат совршена цепливост по моноклинична база. Според хемискиот состав се разликуваат повеќе типови, од кои најзначајни се: мусковит (калиумски лискун), парагонит (натриумски лискун), флогопит (магнезиумски лискун), биотит (магнезиумскожелезен), лепидолит (литиумски), цинвалдит (литиумско-железен). Бојата на лискунот зависи од хемискиот состав. Лискуните се појавуваат како пегматитски минерали во асоцијација со кварцот и фелдспатот во одделни пегматитски тела во Пелагонискиот метаморфен комплекс. Бл. Б.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *