ЛИСИЧАР, Петар

ЛИСИЧАР, Петар (Блато, о. Корчула, Хрватска, 14. Ⅱ 1908 – Сплит, 1987) – универзитетски професор, истражувач на античкото минато на Рим, Грција, Египет, Стариот Исток. Докторирал на Филозофскиот факултет во Белград (1951) на тема „Црна Коркира и колониите на античките Грци на Јадранот” (Скопје, 1951). На скопскиот ФФ предавал општа историја на стариот век со археологија (од 1948) како доцент (1951), вонреден проф. (1957–1959), а на ФФ во Задар општа историја на стариот век како редовен проф. (1964–1976), кога се пензионирал, а претходно бил и декан (1960–1962). ЛИТ.: Ф. Ореб, Проф. Др. Петар Лисичар (1908–1987), заслужни истраживач претповести и повести отока Корчуле. Блато до краја 18. столјеќа, свезак 2, Зборник радова знанственог скупа одржаног у Блату у коловозу 2004. године, Блато, 2004; Југословенски савременици (ко је ко у Југославији), Београд, 1970. Б. Петр. Габи лисичарки

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *