ЛИНКЕСТИДА (Лѕнкестис) – горномакедонска област што се протегала по средниот тек на р. Еригон (Црна), во јужниот дел на Пелагонија (Битолско-леринската рамнина), со планината Баба на запад, јужниот дел на висорамнината Мариово и Кајмакчалан на исток. Низ неа минувал познатиот антички пат Виа Егнатиа и преку нискиот премин Кирли-Дервен продолжувал кон Еордаја на југ. Тука живеело горномакедонското племе Линкести. Главен, а можеби и единствен вистински град во оваа област бил Хераклеја (Хераклеиа), основан од кралот Филип Ⅱ Македонски. Од Линкестида се зачувани засега најстарите релјефи на надгробни стели. ЛИТ.: Лј. Поповиц, Деуџ релиефс фунераирес де Мацедоине, ЖА Ⅶ/2, 1957, 252; Р. Васиц, Цонтрибутион то тхе датинг оф тхе тњо Аттие Граверелиефс фоунд ин Мацедониа, ЖА ⅩⅪ/1, 1971, 279; И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Макропроект „Историја на културата на Македонија”, МАНУ, Скопје, 1999; Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. К. М.-Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.