ЛИМОНЧЕВ, Иван

ЛИМОНЧЕВ, Иван (Охрид, 1864 – Охридско, 1899) – револуционерен и културно-просветен деец, окружен раководител на ТМОРО во Охрид. Бил еден од иницијаторите за формирањето на ученичкото Културно-просветно друштво „Свети Климент” во Охрид (1885). Заедно со други членови на друштвото, станал член на заговорничкиот Кружок формиран во Охрид (20. Ⅶ 1886) за заштита на населението и за прогон на разбојниците Таир-Толо, Билан Баланца, Каранаџак и нивните јатаци, за одбегнување на османлиските судови и решавање на споровите со арбитража, за отворање училишта во секое село и сл. Бил еден од првите членови на ТМОРО (од 1894) и член на Охридскиот окружен комитет на ТМОРО. ЛИТ.: Охрид и Охридско низ историјата, книга втора, Од паѓањето под османлиска власт до крајот на Првата светска војна, Охрид, 1978, 177-178. С. Мл. „Л’ИНДЕПЕНДЕНС МАСЕДОНИАН” („Л’ИНДЕПЕНДАНЦЕ МАЦЕДОНИЕННЕ – Независна Македонија”) (Лозана, швајцарија, 16. Ⅹ – декември 1919) – списание, орган на Главниот одбор на македонските друштва на студентите во швајцарија, „двонеделен преглед за политика, социјални и екоЛИНДРО номски прашања”, на француски јазик. Објавени се вкупно три броја, на вкупно 72 страници. Имало цел да ја запознава европската јавност со македонското прашање. ЛИТ.: Љубен Лапе, Активноста на Главниот одбор на македонските друштва во швајцарија 1918/1919, „Нова Македонија”, Скопје, 12. Ⅱ 1971; истиот, Македонското списание „Л’ инденпенданце Мацедониене” во швајцарија и неговата намена, „Гласник” на ИНИ, ⅩⅤ, 3, Скопје, 1971, 147-156; Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 135-138; Љубен Лапе, Македонија во ⅩⅤⅠⅠⅠ, ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ век. Одбрани трудови, Скопје, 1992, 599; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 63. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *