ЛИЛЧИЌ, Виктор

ЛИЛЧИЌ, Виктор (Скопје, 16. Ⅴ 1956) – археолог, унив. професор. Дипломирал археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и магистрирал, а докторирал на Филозофскиот факултет во Белград (2000). Од 1982 г. е асистент по класична археологија на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а од 2000 г. професор по предметите: вовед во археологијата, рим-Виктор Лилчиќ ска археологија и нумизматика. Водел повеќе археолошки истражувања, во рамките на кои евидентирал и открил повеќе безимени антички и средновековни утврдени населби. Изработил и ревидирал планови на повеќе нерегистрирани утврдувања и вршел истражувања на локалитетите: Еударист – с. Дреново, Давина Кула – с. Чучер, с. Бонче и др. Уредник е на списанието за археолошко наследство „Македонска цивилизација“. БИБ.: Кралевите на Македонија и нивните монети во Република Македонија, Скопје, 1994 (со Н. шелдаров); Античка градежна керамика во Република Македонија, Скопје, 1996; Архитектонска камена пластика во Република Македонија од Ⅰ до Ⅵ век н.е, Скопје, 2001/2002; Македонскиот камен за боговите, христијаните и за живот по животот, И-Ⅱ, Скопје, 2005. Д. З.