ЛИГА ПРОТИВ ЕПИЛЕПСИЈА НА РМ

ЛИГА ПРОТИВ ЕПИЛЕПСИЈА НА РМ .- здружение на лекари и други здравствени работници (формирано во 1996 г.), чии цели се: унапредување и проширување на знаењето за епилепсијата, промовирање на истражувањата и подобрување на квалитетот на дијагностиката и третманот на пациентите болни од оваа болест. Првиот претседател на Здружението бил проф. д-р Ратко Наумовски. Д. Ник.