ЛЖЕВ, Георги

ЛЖЕВ, Георги (Воден, втора пол. на ⅩⅠⅩ в. – прва пол. на ⅩⅩ в.) – македонски мелограф и музички деец. Еден од групата први македонски мелографи на народни песни од крајот на ⅩⅠⅩ в. Неговите трудови се печатени во софиските зборници на народни умотворби (1890-1900), препечатени во книгата „Македонските мелографи од крајот на ⅩⅠⅩ век”, во редакција на Ж. Фирфов и М. Симоновски. Др. О. ЛИАКУ, Димитар Ефтимов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *