ЛЕШИ, Аќиф

ЛЕШИ, Аќиф – брат на Хаџи Леши. Потекнува од беговско семејство. Пред Втората светска војна бил албански емигрант во Кралството Југославија и соработник на југословенската разузнавачка служба. Во 1943 г. се приклучил на НОАВМ. По Ослободувањето бил претседател на Народниот одбор и претседател на Околискиот народен одбор во Охрид, а набрзо и потпретседател на Президиумот на НРМ и пратеник во Народното собрание на ФНРЈ. Во 1950 г. пребегал во НР Албанија, каде што неговиот брат Хаџи Леши бил претседател на Президиумот. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *