ЛЕЧИЌ, Лазар

ЛЕЧИЌ, Лазар (Скопје, 1939) – кошаркар и тренер. Завршил Виша тренерска школа во Белград (1961). Успешен тренер на КК „Работнички” во Скопје и други клубови во земјата и во странство. Тој е еден од тренерите на разни селекции на југословенската репрезентација, со кои освоил голем број медали на балканските, европските и светските првенства и на медитеранските игри (1967–1979). Д. С.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *