ЛАХТОВ, Васил

ЛАХТОВ, Васил (Радовиш, 15. Х 1914 – Охрид, 15. Ⅰ 1964) – археолог. Дипломирал на Катедрата за историја на уметноста на Филозофскиот факлутет во Скопје (1955), а докторирал на Филозофскиот факултет во Љубљана (1962) во областа на праисториската археологија. Истражувач на Охрид и Охридско. Врши ископувања на повеќе локалитети: некрополите Требениште, ТребеВасил Лахтов нишко Кале и Црвејнца – Прентов мост; базиликите Студенчишта, Радолишта и поликонхалната црква во Охрид. Ги започнува првите археолошки ископувања на античкиот театар во Охрид, коишто сћ уште траат. БИБ.: Археолошки ископувања на „Требенишко Кале” кај селото Требениште – Охридско, 1953-1954, „Лихнид”, 2-3, Ох-рид, 1959, 11-77; Охрид – Античко позориште, „Археолоски преглед”, ИВ, Београд, 1962, 198-203; Проблем Требенишке културе, Охрид, 1965. В. Б.-Гр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *