ЛАТИНСКО ЦАРСТВО

ЛАТИНСКО ЦАРСТВО (1204– 1261) – држава основана во 1204 г. од крстоносците од Четвртиот крстоносен поход, по ликвидирањето на Византија, со престолнина во Цариград. За прв цар бил избран грофот Балдуин Фландриски (1204–1205/6), а за цариградски патријарх бил поставен венецијанецот Томазо Морозини. Царството ги зафаќало Тракија, северозападниот дел на Мала Азија, поголемиот дел на Македонија и на Грција, како и некои егејски острови. Царството претрпело катастрофален пораз од Бугарите во битката кај Адријанопол (1205), во која бил заробен и царот Балдуин. Врвот на својот развиток Царството го постигнало во времето на царот Хенрих И (1206–1216), братот на Балдуин, кој водел успешни војни со соседите (Никеја, Бугарија, Епир, Стрез). По неговата смрт започнало бргу да опаѓа. Никејскиот цар Михаил Ⅷ Палеолог (1261) речиси без борба го освоил Цариград и го обновил Византиското Царство. ЛИТ.: Ј. Лонгнон, Л’Емпире латин де Цонстантинопле ет ла Принципауте де Морее, Парис, 1949; А. Цариле, Пер уна сториа делл’Имперо Латино ди Цостантинополи (1204–1261), Бологна, 1978. К. Аџ. ЛАФАЗАНОВСКИ, Ермис

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *