ЛАНГАР

ЛАНГАР (? – ок. 335 пр.н.е.) – крал на пајонското племе Агријани. Бил современик на македонскиот крал Филип Ⅱ и во пријателски односи со Александар Ⅲ Македонски. Кога Македонското Кралство презело поход против Трибалите (335 пр.н.е.), навлегол во земјата на Автаријатите и со тоа го спречил нивниот напад на војската на Александар Ⅲ Македонски, за што тој му возвратил со особени почести и богати дарови, ветувајќи му ја дури и сестра си Кинана за жена. Набрзо потоа починал. ИЗВ.: Арриани, Анабасис, Липсиае, 1907.ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999. К. М. – Р. Хорас Лант

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *