ЛАМИСКА ВОЈНА

ЛАМИСКА ВОЈНА (323/2 пр.н.е.) – востание на хеленските полиси предводени од Атина против хегемонијата на Македонското Кралство. Избувнало веднаш по веста за смртта на Александар Ⅲ Македонски. Атињаните ги повикале другите Хелени на борба за осамостојување, при што им се приклучиле полиси од Централна Хелада, Тесалија и Пелопонез. По почетните успеси во битката кај Ламија (град во Тесалија, Централна Хелада, јули 322 пр.н.е.), каде што настрадал водачот Леонат, биле целосно поразени од искусните македонски војсководци Антипатар и Кратер. Притоа Атина била принудена да прифати стационирање на македонски гарнизон во градот, со уште посурова хегемонија на Македонија. ИЗВ.: Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. К. М. – Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *