ЛАЛА, Димитрие

ЛАЛА, Димитрие (Битола, 1843 – Атина, 1912) – капелмајстор, виолинист и музички деец. Уште од најрана возраст пројавил музичка надареност. По завршувањето на Грчката гимназија, и покрај противењето на таткото, Л. заминува за Германија на музичко школување во Лајпциг и во Дрезден. По пристигнувањето во Бајројт, соработува со композиторот Рихард Вагнер на првиот Бајројтски фестивал (1876). Потоа е капелмајстор-асистент на диригентите Франц Фишер, Феликс Мотл, Антон Зајдл и др. Се враќа во родниот град и предава музика во Грчката гимназија (1878-1880). Потоа се преселува во Атина, каде што е назначен за директор на Конзерваториумот. ЛИТ.: Б. Џимревски, Битолчанецот Димитрие Лала – еден од капелмајсторите на Рихард Вагнер, „Музика”, год. 3, бр. 4, Скопје, 1999. Др. О. Марианино лале

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *