ЛАИЈАИ

ЛАИЈАИ (Лаиаиои) – пајонско племе, првпат спомнато од Тукидид во делото Историја, во врска со походот на тракискиот крал Си-талк (429 пр.н.е.). Живееле јужно од пајонското племе Агријани, во горниот тек на реката Стримон (Струма). Ковеле свои монети. Нивните октодрахми имале просечна тежина од 32 грама, со претстава на брадест маж што управува кола влечена од вол, легенда ΛΑΙΑΙ(ΟΙ) и шлем во полето горе (на аверсот) и пегаз во вдлабен квадрат (на реверсот). Исчезнале од историската сцена во процесите на обединувањето на пајонските племиња и создавањето на нивната заедничка држава. ИЗВ.: Тхуцѕдидис, Хисториае, Оџонии, 1942.ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999. К. М.-Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *