ЛАИНОВИЌ, Андрија (Грахово, Црна Гора, 1903–1986) – историчар, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Дипломирал историја, компаративна книжевност и француски јазик на Филозофскиот факултет во Белград (1927), докторирал на Сорбона (1956). Предавал историја на народите и народностите на Југославија (нов век) на Филозофскиот факултет во Скопје (1959– 1975) и во Приштина (1963– 1975). Објавил голем број научни и стручни трудови. Бил шеф на ННСГ за историја (1970–1972), член на многу тела и органи на Филозофскиот факултет, добитник на државни и општествени признанија. ЛИТ.: М. Манојловски, Проф. д-р Андрија Лаиновиќ (1903–1986), „Историја”, ЏЏИИ/2, 1986. К. Аџ. Благородна Лакинска