ЛАЗАРОВ, Стојан

ЛАЗАРОВ, Стојан (Штип, 1913 – Скопје, 1983) – агроекономист. Основно училиште завршил во Штип, гимназија во Крагуевац, а дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун, Србија (1940). Во наставниот процес на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје е вклучен од 1950 г. (сметководство во земјоделството, статистика, трошоци и калкулации). Избран за доцент (1958), за вонреден (1960) и за редовен професор (1966), а пензиониран во 1979 г. Бил раководител на расадник во Радовиш, директор на Земјоделското училиште во Крушаре (Бугарија), началник на Одделението за земјоделство во Стопанската комора во Скопје, уредник на списанието „Социјалистичко земјоделство”. Објавил 70 научни и стручни трудови. Др. Ѓош.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *