ЛАЗАРОВ, Михајло

ЛАЗАРОВ, Михајло (Скопје, 1932) – керамичар. Дипломирал на АПУ во Белград. Работел како професор по керамика во УПУ во Скопје. Излагал самостојно и групно во Скопје и во странство. Работи уникатна и скулпторска керамика со префинето чувство за пластичност, поврзувајќи ја традицијата со декоративното и ликовното. Создава биоформи и топчести облици со минерални и растителни мотиви. Добитник е на повеќе награди и признанија. Михајло Лазаров: глазирана керамопластика ЛИТ.: Владимир Величковски, Современа македонска керамика, Скопје, 2004. Ал. Цв. Ристо Лазаров

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *